Нови 2,5 милиони евра заем за "Витаминка"

Bez autora
Feb 09 2012

"Витаминка" Прилеп, еден од водечките производители на брендирана храна во Македонија од Европската банка за обнова и развој - ЕБОР доби заем од 2,5 милиони евра. Заемот ќе се искористи за купување на опрема за производство и пакување, како и за имплементација на најсовремени мерки за енергетска ефикасност во фабриката. Проектот ќе и овозможи на "Витаминка" да ги оптимизира оперативните трошоци, да ја подобри конкурентноста, како и да го зголеми производниот капацитет на некои од своите водечки групи на производи. Ни претставува задоволство да ја продолжиме соработката со "Витаминка" и да ја поддржиме развојната стратегија и натамошниот раст на компанијата. Новиот заем ќе и помогне на "Витаминка" да го зголеми обемот на производство на напитоците во прав и крцкавите производи, со цел да ја задоволи растечката побарувачка за овие производи, како и да ја подобри сопствената енергетска ефикасност.

Нови 2,5 милиони евра заем за "Витаминка""Витаминка" Прилеп, еден од водечките производители на брендирана храна во Македонија од Европската банка за обнова и развој - ЕБОР доби заем од 2,5 милиони евра.

Заемот ќе се искористи за купување на опрема за производство и пакување, како и за имплементација на најсовремени мерки за енергетска ефикасност во фабриката. Проектот ќе и овозможи на "Витаминка" да ги оптимизира оперативните трошоци, да ја подобри конкурентноста, како и да го зголеми производниот капацитет на некои од своите водечки групи на производи.

- Ни претставува задоволство да ја продолжиме соработката со "Витаминка" и да ја поддржиме развојната стратегија и натамошниот раст на компанијата. Новиот заем ќе и помогне на "Витаминка" да го зголеми обемот на производство на напитоците во прав и крцкавите производи, со цел да ја задоволи растечката побарувачка за овие производи, како и да ја подобри сопствената енергетска ефикасност - истакна Елена Урумовска, претставник на ЕБОР за Македонија.

Претседателот на Управниот одбор на "Витаминка", Симон Наумовски вели дека со средства од ЕБОР ќе се поддржува развојната стратегија на компанијата и во наредните години. Целите на "Витаминка" вклучуваат проширување и модернизација на производните капацитети и асортиманот на производи, како и зголемување на стандардите за енергетска ефикасност и подобрување на продуктивноста и работните услови во некои од производните погони. Во 2007 година "Витаминка" користеше заем од ЕБОР од четири милиони евра, со кои се финансираше набавка на нова производна линија за меки кекси и опрема за пакување.

До денес ЕБОР има инвестирано блиску 950 милиони евра во македонската економија преку проекти во корпоративниот, финансискиот, инфраструктурниот и енергетскиот сектор. Средствата од ЕБОР привлекоа дополнителни инвестиции во износ од една милијарда евра од други извори. Само во агробизнис-секторот, од 1991 до денес, ЕБОР директно инвестирал над седум милијарди евра во повеќе од 450 проекти во Централна и Источна Европа, и Комонвелтот на независни држави.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik